Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето Австралија опен, по денешната победа над Французинот Гаел Монфис со 3-1, по сетови 6:3, 6:3, 4:6, 6:4.
Шампионот од 2009 година за место во полуфиналето ќе се бори со Милош Раониќ (Канада), кој претходно го победи Роберто Баутиста (Шпанија) со ист резултат 3-1, по сетови 7:6, 3:6, 6:4 и 6:1.
Грен слемот во Мелбурн се игра за вкупен награден фонд од 37,5 милиони долари.