Бугаринот Григор Димитров и Белгиецот Давид Гофин утрово обезбедија пласман во четвртфиналната фаза на Отвореното тениско првенство на Австралија.
Гофин го победи Доминик Тим (Австрија) со 3-1, по сетови 5:7, 7:6, 6:2 и 6:2.
Димитров исто така во четири сета беше подобар од Денис Истомин (Казахстан) 2:6, 7:6 6:2 и 6:1.
Остануваат да се одиграат уште два осминафинални меча на Грен слемот во Мелбурн. Во тек е дуелот Роберто Баутиста (Шпанија) – Милош Раониќ (Канада), а по нив ќе играат Гаел Монфилс (Франција) – Рафаел Надал (Шпанија).