Беноа Амон и Мануел Валс остануваат во трката за претседателски кандидат на француските социјалисти

Од:

Во првиот круг од прелиминарните претседателски избори на социјалистичката партија во Франција, победник е Беноа Амон, пред поранешниот премиер Мануел Валс, Вториот круг од изборите е закажан идната недела, јавува дописникот на МИА од Париз.

Победникот Беноа Амон, претставик на левото крило на Социјалистичката партија освои 36,2 отсто од гласовите додека Мануел Валс 31,2 отсто. Третопласираниот Арно Монтебург со 17,6 отсто му изрази поддршка на Беноа Амон, што му дава поголеми шанси да победи во вториот круг.

Другите канидати ги постигнаа следните резултати: Ванан Пејон 6,8 отсто, Франсоа де Руги 3,8 проценти, Силвиа Пинел два отсто и Жан Лук Бенамиас 1 процент од гласовите.

На вчерашното гласање се појавија околу 1,5 до 2 милиони гласачи, што е далеку од 4 милиони на републиканците и од 2,7 милиони на социјалистите во 2012 година.

Додека започнува прераспоредувањето на силите во Социјалистичката партија едно испитување на јавното мислење на Ипсос Сопра, покажува дека и Беноа Амон и Мануел Валс би биле поразени на претседателските избори закажани во април и мај годинава.

Мануел Валс би освоил отсто од гласовите, далеку зад Националниот Фронт и Марин Ле Пен 27отсто и Франсоа Фијон (Републиканци) 25 проценти, но исто така и зад Емануле Макрон 18 отсто и и Жан Лук Меланшон од Фронтот на левицата 15 отсто.

Беноа Амон ако биде канидат би освоил 8 отсто, Марин Ле Пен 27отсто, Франоа Фијон 26 проценти, Емануле Макрон 20 отсто и Жан Лук Меланшон 13 проценти.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата