Сенаторите Мекејн и Грејем сепак го поддржуваат Тилерсон

Од:

Шансите на поранешниот директор на „Ексон мобајл“, Рекс Тилерсон да стане американски државен секретар се зголемија, откако двајца влијателни републикански сенатори, Џон Мекејн и Линдзи Грејем, кои претходно се противеа на неговото именување, сепак одлучија да го поддржат.

– Иако се уште имаме причина за загриженост во врска со неговата работа со руската Влада и претседателот Владимир Путин, веруваме дека Тилерсон може да биде ефикасен застапник на американсите интереси, наведоа Мекеј и Грејем.

Мејек и Грејем и републиканскиот сенатор Марк Рубио, како и повеќе сенатори од Демократската партија го поставија изминатите денови прашањето дали Тилерсон има судир на интереси и дали може да ја застапува американската политика во странство.

Како директор на „Ексон мобајл“ Тилерсон ги критикуваше американските санкции против Русија по анексијата на Крим во 2014 година. Казните поради овие санкции компанијата ја чина повеќе стотици милиони долари.

Мекеј и Грејем својата одлука за поддршка ја најавија пред гласањето во Надворешно-политичкиот одбор на Сенатот, кој треба да му даде препорака на Горниот дом да го поддржи именувањето на Тилерсон. Тие двајца не се членови на овој Одбор, но со ова му испратија порака на Марк Рубио.

Сенатот моменто има 52 републиканци и 48 демократи.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени