За време на инаугурацијата на Доналд Тарам во Вашингтон имаше протести при што се приведени повеќе од 90 луѓе, а меѓу ниви и новинарот на руската телевизија „Раша тудеј“ во САД, Александар Рубинштајн.
Тој е уапсен е во текот на известувањето за протестите во Вашингтон против претседателот Доналд Трамп.
Рубинштајн бил приведен откако полицијата ја опколила група демонстранти, меѓу кои бил и новинарот. Тој бил прицеден иако на полицајците им ја покажал новинарската легитимација.
Протестите во Вашингтон, во близина на инаугурацијата на новиот претседател на Трамп станаа насилни. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите, а има и поголем број повредени лица.