Германците со негативно мислење за Доналд Трамп

Од:

Истражување на јавното мислење објавено денеска покажува дека најголемиот број Германци се песимисти за политиките на Доналд Трамп во односите со Европа, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Според анкетата на истражувачката агенција „Кивеј“ само мал број од Германците имаат позитивно мислење за новиот американски претседаател кој денеска официјално ќе стане претседател на САД. Само 5,2 % од испитаниците за Трамп сметаат дека е освежување а за 11 % тој е отворен карактер со кој што лесно може да се најде разбирање.

Останатите од вкупно 3000 испитаници имаат негативно мислење за американскиот лидер. Речиси една третина (32 %) сметаат дека тој е непредвидлив додека 27 % велат дека Трамп е опасен.

Тие што сметат дека Трамп е неготивна појава се членови на сите политички партии. За најголем дел од Социјалдемократите и „Зелените“ Трамп е опасен а за околу 40 насто од членовите на ЦДУ на Меркел тој е непредвидлив.

Најпозитивно мислење за претседателот на САД имаат членовите на крајно десничарската Алтернатива за Германија (АФД) каде речиси половина сметаат дека тој е отворен за соработка. Само 2 % од АФД сметаат дека Трамп е опасен.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“