Петмина турски војници загинаа, а девет се повредени при напад со автомобил-бомба од страна на борци на групата Исламска држава во близина на сирискиот град Ал Баб, соопшти турската армија.
Во август минатата година турската војска и сириските опозициски сили започнаа заедничка операција за потиснување на џихадистите од сириско-турската граница.
Неколку недели тие го држат под опсада градот Ал Баб, кој е под контрола на ИД.