Германското обвинителство бара затвор за малолетен член на ИД

Од:

Германското јавно обвинителство бара шест годишна затворска казна за 16 годишната Сафиа С., која е осомничена дека е член на Исламската држава (ИД).

Тинејџерката е обвинета дека во име на ИД со нож нападнала полицаец во Хановер минатата година, а ќе одговара и за членство во странска терористичка организација.

Процесот против Сафиа С. се одвива зад затворени врати затоа што Германката со мароканско потекло е малолетна, јавуваат германските медиуми, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Според обвинителството ученичката стапила во контакт со членови на ИД за време на патување во Турција, по што се согласила да изврши „Маченичка операција“ во Германија.

Најпрвин таа требало да патува во територии на Сирија под контрола на ИД но откако била откриена од нејзината мајка била вратена во Германија.

Шефот на германската разузнавачка служба Ханс Герог Масен вчера во врска со случајот изјави дека ИД користи интернет мрежа на социјалните мрежи со цел да регрутира нови членови. Околу 200 од вкупно речиси 900 симпатизери на ИД во Германија кои заминале да се борат во Сирија и Ирак се жени.

Во исто време во Германија се одвива уште еден судски процес на член на ИСИС 20 годишниот Мохамед Хасан К., кој што е осомничен дека учествувал во планирањето на терористичкиот напад за време на фудбалскиот меч меѓу репрезентациите на Германија и Холандија во Хановер во 2015 година.

Мохамед Хасан К. се соочува со затворска казна од 3 години во малолетнички затвор.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани