Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека е погрешно да се смета оти новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп е „руски човек“.
– Тој не е наш човек, тој е американски човек. Тој е претседател на САД, рече Песков за телевизиската програма „Вести“, која ќе биде емитувана утре, јави ТАСС.
Песков наведува дека „најголемата грешка на западните аналитичари и некои руски политички аналитичари, тоа што Трам го сметаат за руски човек“.