Руската Државна дума ќе ја разгледа ратификацијата на спогодбата за Турски поток

Од:

Руската Државна дума денеска ќе го разгледа и се очекува да гласа за ратификацијата на руско-турската спогодба за изградба на гасоводот Турски поток, јави ТАСС.

Спогодбата, потпишана во Истанбул на 10 октомври минатата година, беше доставена од Владата на 19 декември.

Со неа се регулира проектирањето, изградбата и експлоатацијата на две морски и две копнени цевки на гасоводот Турски поток.

Гасоводниот систем ќе минува преку Црното Море од Русија до приемен терминал на турскиот брег и ќе се состои од две линии со вкупен производствен капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас годишно, секоја по 15,75 милијарди кубни метри.

Пуштањето во употреба на двата објекта е планирано за 30 декември 2019 година. Должнината на морскиот терминал е околу 920 километри, а на копнениот околу 200 километри.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска