Британски тенкови „тајно“ се префрлени преку тунелот под каналот Ламанш

Од:

Британската армија „тајно пренесувала“ тенкови преку тунелот под каналот Ламаш, за да ја тестира железничката линија, во случај на воена инвазија во Источна Европа, јави британската телевизија Скај.

Станува збор за вежба, која била спроведена во текот на ноќта во вторникот, кога биле пренесени пет тенкови од типот „Челинџер“ на француска територија, а потоа биле вратени назад во Велика Британија.

Според Скај, британското Министерство за одбрана настојувало целата операција околу тестирањето на линијата низ тунелот од Ламанш, да се изведе далеку од јавноста, па не биле повикани медиумите.

Тие подоцна добиле по една фотографија и сосема куса информација, која била дистрибуирана во текот на ноќта.

Министерството во Лондон одбива да даде повеќе детали за целата вежба, освен дека била спроведена за да се проверат можностите на тунелот и на железничката линија изградена за возовите на Евростар, за евентуално пренесување воени возила, опрема и муниција.

Тестирањето на тунелот под Ламанш се означува како дел од серијата пошироки операции на НАТО низ Европа за проверка на логистиката и на инфраструктурата.

Околу три илјади американски војници се префрлија од САД, преку Германија во Полска, што е најголемо префрлање на Американци во Европа, по завршувањето на Студената војна.

Подоцна оваа година, 500 британски војници ќе бидат стационирани во Естонија, како дел од силите на НАТО, во реонот на Балтикот и Полска.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца