Хрватската атлетичарка Сандра Перковиќ е победник во изборот организиран од Бугарската новинска агенција (БТА) за најдобар спортист на Балканот за 2016.
Во изборот во кој учествуваа девет новинските агенции од регионот, МИА (Македонија), БТА (Бугарија), АНА-МПА (Грција), Агерпрес (Романија), АА (Турција), Танјуг (Србија), МИНА (Црна Гора), ХИНА (Хрватска) и ФЕНА (БиХ), олимписката и европска шампионка во фрлање диск, Перковиќ го освои првото место со 82 поени од можни 90.
Второто место го освои Екатерини Стефаниди од Грцијасо 67 поени, додека трет беше минатогодишниот победник Новак Ѓоковиќ (Србија) со 36 поени.
Од македонските спортисти најдобро пласиран е Кирил Лазаров, на 12. место со 11 бодови.