На конкурсот за годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија пристигнале 83 дела од сите жанрови.
Книгите конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца, и „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.
Петте жири-комисии на ДПМ, составени од по тројца писатели, ги разгледуваат пристигнатите дела и резултатите од изборот ќе бидат познати до крајот на јануари.
Наградите ќе бидат врачени на 13 февруари, на свеченоста по повод 70 години од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.