ИД ги урна сите мостови на реката Тигар во Мосул

Од:

Терористите од групата Исламска држава (ИД( ги кренаа во воздух сите мостови на реката Тигар во центарот на ирачкиот град Мосул, соопшти денеска ирачката воена команда.

Претходно, „Скај њуз Арабија“ јави дека специјални сили на ирачката армија заедно со полицијата презеле контрола над еден од петте мостови на реката Тигар во Мосул. Владините сили на 8 јануари стигнаа до левиот брег на реката.

Мосул е административен центар на провинцијата Ниневија и повеќе од две годинии беше под контрола на ИД. Копнената офанзива за ослободување на градот од ИД почна во октомври. Во офанзивата учествуваат владини сили, ирачки платеници и курдските воени формации пешмерги.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак