Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа доцна по полноќ ќе настапи во првото квалификациско коло на пвриот годинашен Гренс слем турнир Австралија Опен.
Противничка на Македонката ќе биде Саша Викери од САД. 21-годишната Американка на ВТА листата се наоѓа на 137.место, додека Ѓорческа е 202.
За македонската тенисерка ова е второ учество во квалификациите на еден Грен слем. Првото и е минатата година на УС Опен кога не успеа да го мине првото коло.
Почетокот на мечот Ѓорческа – Викери е во 3 часот по полноќ по македонско време.