Јотовски ќе игра во главната фаза фјучрсот во Мајами

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски ќе настапува во главната фаза фјучрсот во Мајами и покрај поразот во 4.коло од квалификациите.

Македонецот вчеравечер загуби од домашниот тенисер Мајкл Зу со 2-1, по сетови 6:2, 2:6 и 7:6, но оди на главниот турнир како „лаки лузер“.

Јотовски во првото коло за противник го има Рикардо Хочевар од Бразил кој во моментов се наоѓа на 560. Место на АТП ранг листата.

Туурнирот се ига за награден фонд од 15.000 илјади долари.

Во конкуренција на двојки Јотовски денес заедно со Мацеј Рајски од Полска ќе играат против Томислав Бркиќ (Босна и Херцеговина) и Никола Чачиќ (Србија).

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ