Ѓоковиќ казнет поради неспортски потег во финалето

Од:

Поради еден потег во финалето на АТП турнирот во Доха, Новак Ѓоковиќ е финасиски казнет.

Во текот на правиот сет, Ѓоковиќ удри едно топче надвор од теренот при што ја погоди една жена која седеше на трибините директно во глава.

Српскиот тенисер е казнет со 3.400 долари, а официјално објаснување за оваа санкција е дека се работи за неспортски потег.

-Никого не сакав да погодам. Ветувам дека во иднина ќе бидам многу повнимателен. Искрено не бев свесен дека топчето лета кон публиката, рече Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ