Товарен брод потона покрај Истанбул поради невреме

Од:

Трговски брод, кој пренесувал јаглен, потона денеска во близина на Истанбул поради лошите временски услови.

Дванаесетте членови на екипажот, 11 Украинци и еден Русин, се водат како исчезнати

Се претпоставува дека пловниот објект потонал во водите покрај квартот Шиле во азискиот дел на Истанбул.

Веднаш е започната операција за пронаоѓање и спасување на членовите на екипажот.

Турскиот весник „Милиет“ објави дека друг брод, кој пловел под руско знаме со 14-член екипаж, останал во водите покрај истанбулскиот кварт Килиос. Поради невремето не можат да се испратат спасувачки екипи кон бродот.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Васко Саздовски е Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад

А1он

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски