Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер денеска е поразен од Александар Зверев со 2-1 во сетови на Хопман купот во Перт, Австралија.
Мечот беше решен со тај-брејк во трите сета. Првиот му припадна на Зверев со 7:4, Федерер изедначи по 7:1 во вториот, додека во решавачкиот трет повторно беше 7:4 за германскиот тенисер.
По вториот по ред триумф на Зверев над Федерер, Германија поведе со 1:0 во пресметката со Швајцарија.