Обама го предупреди Асад да не користи хемиско оружје

Од:

Американскиот претседател Барак Обама го предупреди сирискиот лидер Башар ал Асад дека употребата на хемиско оружје во судирите со бунтовниците во Сирија е апсолутно неприфатлива и дека ќе има последици доколку се одлучи на таков чекор.

Обама реагирал откако американските разузнавачки служби соопштиле дека сириската војска веројатно подготвува употреба на хемиско оружје.

Претседателот на САД му порача на Асад дека светот го набљудува и дека лично ќе биде одговорен доколку дојде до употреба на овој вид на оружје.

Претходно, портпаролот на Белата куќа Џеј Керни изјави дека употребата на хемиско оружје би претставувало „црвена линија“ за САД, а сличен став изнесе и државната секретарка Хилари Клинтон.

Сириското Министерство за надворешни работи соопшти дека ниту под кои било услови не би користеле хемиско оружје против сопствениот народ, па дури и да го имаат.

ОН ги повикаа своите претставници, кои немаат потреба да останат, да ја напуштат Сирија поради зголеменото насилство во околината на Дамаск.

Се проценува дека околу 25 до 100 претставници на ОН би можеле да бидат повлечени од Сирија во текот на оваа недела.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски