Израел ги прекина контактите со земјите членки на Советот за безбедност

Од:

Израел ги прекина сите контакти со земјите членки на Советот за безбедност на ОН, кои гласаа за резолуцијата со која се осудува поради изградбата на еврејските населби на територијата на Западниот Брег и источен Ерусалим, што се под израелска контрола од војната во јуни 1967 година.

Резолуцијата беше изгласана во петокот, со 14 гласови „за“ додека САД беа воздржани, но нивната одлука да се воздржат од гласањето го овозможи усвојувањето на документот, што предизвика гневна реакција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Со наредба на Нетанјаху, кој во истовреме е и министер за надворешни работи, израелското Министерство привремено ги ограничува сите деловни врски со амбасадите на 12 земји од Советот за безбедност кои имаат свои мисии во Тел Авив, освен со Венецуела и Малезија, кои немаат однсои со Израел и САД.

Според израелски дипломати во Њујорк кои за Си-Ен-Ен ја соопштиле ваквата одлука, се суспендираат врските со амбасадорите од Велика Британија, Франција, Русија, Кина, Јапонија, Украина, Ангола, Египет, Уругвај, Шпанија, Сенегал и Нов Зеланд.

Со оваа одлука, Нетанјаху нема да се среќава со министрите за надворешни работи на сите овие земји, а нивните амбасадори нема да бидат примани во израелското Министерство.

Израелските министри исто така нема да комуницираат, а ниту да патуваат во овие земји, но не се знае дали израелските амбасадори во „казнетите“ земји ќе може да комуницираат со своите домаќини.
Според Си-Ен-Ен, ваквата мерка на Нетанијаху нема да има никаков практичен ефект врз билатералните односи на Израел со сите овие земји, затоа што остануваат во сила сите други врски, трговски, културни и посебно безбедносни, а освен тоа нема „казна“ за САД која и најмногу го налути израелскиот премиер.

Израелски дипломати објаснуваат дека „лутината кон Советот за безбедност“ е оправдана, затоа што сега Палестинците имаат во рака „силно оружје за да се спротивставуваат на мирно решение“.

Палестински дипломати, пак, ја објаснуваат ваквата реакција на Нетанјаху како „наменета за домашни потреби“ поради нараснатото нездоволства во Израел на политиката што ја води десничарската влада на актуелниот премиер.

Палестинците сметаат дека ниту воздржаноста на САД во Советот за безбедност „не е преседан“ за која треба една ваква реакција. Тие потсетуваат на администрацијата на претседателот Роналд Реган која седум пати била воздржана при гласањето во ОН за прашања поврзани со израелско-палестинските односи.

Би можело да ве интересира

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште

(ВИДЕО) Израел повторно го нападна Бејрут: Густ чад го прекри градот

Горан Наумовски

Хезболах лансираше 45 ракети кон Израел, израелската армија продолжува со нападите врз Либан

Нетанјаху: Армијата ќе продолжи да се бори со полна сила

Израелска армија: Пукавме откако забележаа сомнителни движења на либанската граница

Би-Би-Си: Хезболах има десетици илјади ракети со кои може да го гаѓа Израел

Горан Наумовски