Американската државна секретарка Хилари Клинтон денеска во Прага, го предупреди сирискиот претседател Башар ал-Асад да не употреби хемиско оружје против населението, јави дописникот на МИА од Прага.
Клинтон одби да одговори какви конкретни чекори САД ќе преземат доколку Ал-Асад употреби хемиско оружје.
Шефицата на американската дипломатија додаде дека Чешка има големи познавања во областа на хемиските, биолошките и останатите арсенали и соработката со Прага, според Клинтон, би била важна доколку режимот на Асад падне и доколку во Сирија биде потребна интервенција на меѓународни сили.
Во предупредувањето кон Сирија се приклучи и нејзиниот чешки колега Карел Шварценберг. Чешкиот министер за надворешни работи рече дека ситуацијата во Сирија е хаотична и според него не е јасно што би се случило кога хемиско оружје би било достапно за некои од бунтовничките групи.