Екипата на оригиналната KickAss повторно се собра и ја „заживеа” страницата.
Една од најпознатите торент страници, KickAss, повторно е активна благодарение на нејзините творци.
Работењето на KickAss беше запрено пред неколку месеци, откако директорот на сервисот, Артем Ваулин беше уапсен во Полска, а сите сервери беа запленети.
Но, KickAss продолжи да функционира на различни домеини, но сите тие беа само копии на познатата страница. „Заживеаниот” KickAss го задржа добро познатиот изглед и има нова база на податоци.
„Екипата на KickAss повторно се собра и на тоа сме посебно горди. Тоа покажува лојалност, посветеност и вистинска љубов кон КАТ, која сите ја имаме”- истакнаа членовите на тимот на KickAss торентот за порталот Torrent Freak.
Се собраа сите големи „аплоадери” кои ќе продолжат да објавуваат пиратски содржини.
Секако, важно е да се потенцира дека ние не поддржуваме пиратерија, како и тоа дека сите торенти ќе ги користите на сопствена одговорност.