Нападната Квитова: Среќна сум што сум жива

Од:

Чешката тенисерка Петра Квитова која денеска од разбојник беше нападната во својот дом во Простјејов и повредена на левата рака, се огласи преку Фејсбук.

– Благодарност до сите за топлите пораки. Во обид да се одбранам, повредена ми е левата дланка. Потресена сум, но и среќна што сум жива. Повредата е сериозна, морам кај специјалист, а ако сакате да знаете нешто за мене, да знаете дека сум силна и дека ќе се борам со ова, напиша Квитова на својот Фејсбук профил.

По нападот на 11-тата светска тенисерка, таа се наоѓа во добра состојба, повредите не се од животна опасност. Надлежните служби соопштија дека се работи за криминален акт изведен во станот на тенисерката.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен