Американскиот гигант во автомобилската индустрија „Форд“ повлече околу 90.000 возила во САД и Канада, со цел да бидат отстранети техничките грешки кои можат да предизвикаат пожар поради презагревање при работа на моторот.
Станува збор за возилата од моделите „искејп“ 2013 и „фјужн“ 2013 со мотор од 1,6 литри работна зафатнина.
Управата на компанијата соопшти дека се проценува дека грешка е направена на околу 73.320 автомобили од моделот „искејп“ и на околу 15.833 модели на „фјужн“, произведени и дистрибуирани главно на пазарот во САД и делумно во Канада.
– Интензивно работиме на процедурата за отстранување на дефектот, соопшти управата на „Форд“.
Во јули оваа американска компанија повлече од пазарот во Северна Америка 11.500 автомобили од моделот „искејп 2013“.