Новоизбраниот претседател на Молдавија бара помош од Русија за запирање на „романизацијата“ на земјата

Од:

Новоизбраниот претседател на Молдавија, Игор Додон бара помош од Русија за стопирање на процесот на „романизација“ на молдавската младина, пишува денеска романскиот весник „Куриерул национал“.

Додон смета дека стипендиите, кои им се нудат во Романија на младите од Молдавија претставуваат политика за нивно привлекување кон концептите, создадени од романската држава.

Затоа Додон смета дека Русија треба да го зголеми бројот на стипендии за молдавските млади луѓе.

Русија во моментов и нуди на Република Молдавија околу 100 до 150 стипендии за образование. Секоја година Романија нуди над пет илјади стипендии за млади луѓе од Молдавија, кои сакаат да учат во Романија.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот