Најмалку 15 лица загинаа, а 24 се повредени во експлозија на автомобил-бомба во сирискиот град Хомс.
Во експлозијата на автомобилот, што се наоѓал во близина на џамија, многу згради во близина се уништени.
Хомс често беше средиште на судири меѓу режимските сили и бунтовниците од избувунувањето на немирите пред 20 месеци.
Опозициски активисти стравуваат дека бројот на жртвите би можел да биде поголем со оглед на тоа дека има повредени кои се наоѓаат во критична состојба.