Солидарност со Алепо: „Гранд плац“ во Брисел вечерва половина час во мрак

Од:

Познатиот „Гранд плац“ во Брисел вечерва половина час ќе ги згасне светлата во знак на солидарност со населението на Алепо, пренесоа француските медиуми.

Светилките на плоштадот, што е вклучен во списокот на УНЕСКО на светско културно наследство, ќе останат изгаснати од 19 до 19.30 часот по локално време, соопшти канцеларијата на градоначалникот.

Ќе запре и музиката, која постојано се пушта на ова многу посетувано место во белгиската престолнина.

Во знак на солидарност со жителите на Алепо вчера беа изгаснати светилките и на Ајфеловата кула во Париз

Би можело да ве интересира

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски