Во Европа и Африка можно е да се вратат околу 2.500 џихадисти од воените зони

Од:

Околу 2.500 џихадисти од Исламска држава би можеле да се вратат во Европа и Африка од воените зони во Ирак, Сирија и Јемен, изјави комесарот за мир и безбедност во Африканската унија, Смаил Шерги.

Според Шерги, кој учествува во Алжир на заседанието на Африканскиот центар за изучување на проблемите од тероризмот, и покрај напредокот што е постигнат во Африка во борбата против терористички закани, сепак опасноста се уште постои.

– Забележуваме денес проширување на зоната на дејствување на терористичките групи во северниот дел на Мали, како и во соседните земји, изјавил Шерги, додавајќи дека е регистриран и прилив на вооружени трористи во реонот на Сахел, што уште повеќе ја влошува ситуацијата.

Тој нагласи и дека е потврдено преминување на вооружени борци во Сомалија од територијата на Јемен.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Околу 7.000 деца чии родители се осомничени џихадисти се заробени во кампови во Сирија

А1он

Двајца џихадистички лидери загинаа во амерканска акција во Сирија

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска