Извлечени двојките за осминафиналето во ЛШ

Од:

Во седиштето на УЕФА, денеска беа извлечени паровите за осминафиналната фаза од фудбалската Лига на шампиони.

Бранителот на трофејот Реал Мадрид го очекува пресметка со Наполи, Барселона ќе игра со Пари Сен Жермен, а во другото дерби на оваа фаза се среќаваат Баерн Минхен и Арсенал.

Двојки за 1/8 финалето во ЛШ:

Манчестер Сити – Монако,
Реал Мадрид – Наполи,
Бенфика – Борусија Дортмунд,
Баерн Минхен – Арсенал,
Порто – Јувентус,
Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид,
ПСЖ – Барселона и
Лестер – Севиља.

Првите мечеви од осминафиналето ќе се играат на 14/15 и на 21/22 февруари, додека реванш средбите се закажани за 7/8 и 14/15 март. 

Попладнево ќе биде извршена и жрепката за 1/16 финалето во Лига Европа.

Би можело да ве интересира

Капело: Сити и Јувентус се фаворити за освојување на ЛШ