Палмира повторно под контрола на „Исламска држава”

Од:

Гувернерот на сириската провинција Хомс за државната телевизија изјави дека радикалната група „Исламска држава” го зазела древниот град Палмира и дека сириската армија се бори да ја врати контролата над градот.

Ова е првото официјално признание на сириските власти дека Палмира повторно е во рацете на џихадисти.

Гувернерот Талал Барази изјави за телевизијата „Ихбарија” дека армијата се повлекла од градот.

– Армијата ги користи сите средства за да спречи терористите да се задржат во Палмир”, рече гувернерот.

Претходно денеска, Сирискиот центар за набљудување на човековите права (СЦНПЧ) соопшти дека ИД во целост ја вратила контролата над Палмира, која се наоѓа во источната провинција Хомс.

Според невладината организација во борбите биле убиени околу 120 лица од сириската војска на режимот и нивните сојузнички сили, како и десетици екстремисти, пренесе ДПА.

ИД го зазеде градот, аеродромот и древен дворец во периферијата на Палмира и покрај интензивните воздушни напади на сириската и руската борбена авијација, додаде СЦНПЧ.

ИД направи пробив, откако вчера, воздушните напади ги принудија џихадисти да ја напуштат Палмира, која ја презедоа накратко.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска