Кошаркарите на Мајами остварија уште една победа, шестта во низа и сега со биланс 12 победи и 3 порази со Мемфис имаа најдобар биланс во НБА лигата. „Жешките“ ноќеска пред своите навивачи го победија Бруклин со 102:89 (осма победа дома, без пораз), а притоа гостите во последната четвртина постигнаа само 11 поени.
На другите ноќешни дуели од НБА лигата беа постигнати следниве резултати: Кливленд – Портланд 117:118 (по две продолженија), Чикаго – Филаделфија 93:88, Њу Орлеанс – Оклахома Сити 79:100, Хјустон – Јута 124:116, Милвоки – Бостон 91:88, Сан Антонио – Мемфис 99:95 (продолжение), Далас – Детроит 92:77, Лос Анџелес Клиперс – Сакраменто 116:81 и Голден Стејт – Индијана 103:92.
Вечерва се играат само два натпревара: Њујорк – Феникс и Лос Анџелес Лејкерс – Орландо.
Пласман во Источната конференција: Мајами 12-3 (победи-порази), Њујорк 11-4, Бруклин 11-5, Атланта 9-5, Филаделфија 10-7,…
Пласман Западната конференција: Мемфис 12-3 (победи-порази), Оклахома Сити 14-4, Сан Антонио 14-4, ЛА Клиперс 10-6, Голден Стејт 10-6,.