Групата „Исламска држава” ги повика своите следбеници да извршат напади во Бахреин, посебно против таму распоредените американски војници.
Повикот е упатен во видеозапис, со кој борците се повикуваат, исто така, да го напаѓаат шиитското мнозинство на островот управуван од сунити.
Во Бахреин е стационирана Петтата американска флота, а се гради и британска воена база.
По се изгледа, моментот за објавување на видеото е избран така што да се совпадне со вчера заврениот самит на Советот за соработка во Заливот, која се одржа во бахреинската престолнина Манама, со учество и на британскиот премиер Тереза Меј.
Оваа недела Бахреин ќе биде домаќин и на т. н. Дијалог од Манама. Форумот за безбедност ќе биде отворен со говор на американскиот министер за одбрана Ештон Картер.