Свилановиќ: ЕУ веднаш да започне преговори за членство со сите шест балкански држави

Од:

Европскиот совет треба да донесе итна одлука за отворање на преговорите за членство со сите шест земји од Западниот Балкан, порача генералниот секретар на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Горан Свилановиќ, на денешната конференција „Балканите: Зголемување на поврзаноста на патот кон ЕУ“, што во организација на невладината „Пријатели на Европа“ се одржува во Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на оваа конференција на која беа присутни и екс-комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, како и високи претставници на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на Стејт департментот од САД, како и министри од земјите од Балканот, Свилановиќ додаде и дека „ако не почнува преговори, барем ЕУ да почне скрининг со сите држави од Балканот на поглавјата 23 и 24“.

– Проширувањето во стилот „работа, како и обично“ – не функционира повеќе. Ги повикувам Европската комисија и Европскиот совет веднаш да почнат преговори со сите шест балкански земји. Пристапните преговори се реформски процес за земјите, со фокус на владеење на правото, на борба со корупција и слободата на медиумите. Мојата порака е не кога да се заврши процесот, но да се почне, да бидеме зафатени и успешни. Ако не со преговори, тогаш барем со предскрининг процес за сите за поглавјата 23 и 24. А, ЕЕАС да се посвети на билатералните односи со ЕУ и не-ЕУ земјите, на што не смееме да затвораме очи

Министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати, посочи дека треба да се избегне друго присуство на просторот на Балканот, мислејќи на се поголемото руско присуство.

– Последните две години, во однос на политичката криза во Македонија има почести изјави од рускиот министер за надворешни Сергеј Лавров, отколку од ЕУ и од Европската дипломатска служба! Тука е и Кина со „16 плус еден“ иницијативата. А, како Србија и Македонија ја решија бегалска криза беше добра лекција за неколку ЕУ-земји, посебно што овие балкански земји останаа верни на европските вредности, посочи Бушати.

Претставникот на Стејт департментот, пак, посочи дека новата администрација на избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека нема да биде различна во односите со Европа и Западниот Балкан, во однос на онаа на Барак Обама. Според него, тоа е поради тоа што првите тројца од досега четворицата избрани раководни кадри во Стејт департментот од тимот на Трамп се поранешни високи функционери во сите т.н. американски влади, како на демократите, така и на републиканците.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп