Боливиските власти го уапсија денеска директорот на авио-компанијата „Ламиа“, чиј авион минатата недела се урна во Колумбија.
Директорот Густаво Варгас и уште двајца службеници на авио-компанијата се одведени кај обвинителот во Санта Круз поради сослушување во рамките на истрагата за несреќата.
При падот на авионот загинаа 71 лице, меѓу кои иголем број членови на бразилски фудбалски клуб, а несраќата се случила бидејќи авионот останал без гориво.