Отворено СП во пливање, Македонија учествува со пет натпреварувачи

Од:

Во импозантната сала „Колосеум“ во канадски Виндзор ноќеска се одржа свеченото отворање на 13.то Светско Првенство во пливање во 25 метарски базен, кое ќе трае до 11 декември.

На ова првенство земаат учество повеќе од 1.000 пливачи од 176 држави. Македонија е застапена со досега најмногубројна репрезентација од било кое претходно Светско или Олимписко натпреварување.

Македонската репрезентација ја сочинуваат пливачите: Анастасија Богдановски, Горазд Чепишевски, Дамјан Петровски, Марко Блажевски и Љупчо Ангеловски, додека во стручниот штаб се тренерите Методија Ангелески, Горан Стаменов и Боро Блажевски кој е воедно и водач на екипата.

Македонската заедница од Виндзор организирана околу Македонската Православна  црква „Свети Никола“ им приреди топло добредојде  и го спонзорира престојот во Виндзор на дел од репрезентацијата што допатува од Македонија. Семејството на др. Елизабета и Менде Талески обезбеди хотелски престој; семејствата на Катерина и Никола Димитровски и Сања и Борче Ливрински ги покрија трошоците за изнајмениот автомобил; Миле Барашлиевски и Ванчо Кировски подарија дресови за отворањето, додека женската секција и Фудбалскиот клуб Македонија при црковната општина „Свети Никола“ помогнаа со парични донации.

На апелот на претседателот на црковната општина Мендо Колевски за дочек на нашите спортисти многумина парохјани се одѕваа со помали донации.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска