Обновени преговорите за Кипар

Од:

Преговорите за решавање на кипарското прашање се обновуваат денеска, а целта е да се постигне напредок по сите отворени прашања пред меѓународната конференција за Кипар, закажана за 12 јануари, јавуваат кипарски грчки медиуми.

Претстојат 36 денови на забрзани преговори со цел на 9 јануари кипарското прашање да влезе во заклучна фаза, пишува грчкиот кипарски весник „Политис“.

Меѓународната конференција за кипарското прашање се очекува да биде одржана на 12 јануари во Женева. Весникот посочува дека пред таа недела не се очекува средба меѓу лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци, Никос Анастасиадис и Мустафа Акинџи.

– Двајцата преговарачи Андреас Мавројанис и Јоздил Нами ќе се фатат за работа, пишува весникот „Алитија“.

– Кипарските Грци подготвуват формула за враќање на градот Морфу во обид да се одговори на барањата на кипарските Турци, пишува весникот „Филелефтерос“. Градот Морфу се наоѓа во Северен Кипар, но пред разделувањето бил населен со кипарски Грци.

Прашањето за негово враќање е меѓу темите, кои создаваат најголеми тензии меѓу двете заедници и беше една од причините  да бидат прекинати преговорите меѓу двајцата лидери, кои се сретнаа во Швајцарија минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ