Интернет врските во сирискиот главен град Дамаск и градот Хомс денеска се одновени, изјавија локални жители.
Пристапот до виртуелната мрежа во Дамаск и Хомс беше во прекин два дена. Сириските власти за тоа ги обвинија бунтовниците.
Според експерти, најверојатно пристапот до интернет бил прекинат од режимот на претседателот Башар ал Асад.
Сириските власти и претходно беа обвинувани за прекин на комуникациските врски со цел да се блокираат комуникациите меѓу бунтовниците и опозициските активисти.
Опозицискиот Сириски центар за набљудување на човековите права соопшти дека интернет врските денеска биле обновени во повеќето провинции во земјата.