Болт рекорден шести пат прогласен за атлетичар на годината

Од:

Деветкратниот олимписки шампион Јусеин Болт, рекорден шести пат е прогласен за атлетичар на годината, во изборот на Меѓународната атлетска федерација (IAAF).

Болт на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, трет пат во низа, освои златни медали на трките на 100 и 200 метри и во штафетата 4×100 метри.

Најбрзиот човек во светот претходно наградата за атлетчар на годината ја доби во 2008, 2009, 2011, 2012 и 2013 година.

Атлетичарот од Јамајка најави дека наредната година, по Светското првенство во Лондон, ќе ја заврши кариерата.

Кај дамите, наградата за атлетичарка на годината ја доби Алмаз Ајана од Етиопија која во Рио на ОИ освои златен медал на трката на 10.000 метри.

Ајана во Рио го собори 23 години стариот светски рекорд, а новиот планетарен рекорд изнесува 29:17.45 минути.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди