Кипарските лидери можат да ги надминат своите разлики во преговорите доколку демонстрираат „флексибилност“, изјави денеска шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон за време на посетата на поделениот остров, пренесоа француските медиуми
– Го поздравувам напредокот, постигнат во текот на последните месеци, смелоста и решеноста, демонстрирани од двете страни, посочи Џоносн откако разговараше со лидерите на двете кипарски заедници.
„Убеден сум дека со повеќе флексибилност и креативност од двете страни може да се најде решение“, уверуваше британскиот министер пред новинарите.
Посетата на Џонсон на Кипар се реализира на само неколку дена по преговорите во Швајцарија за повторно обединување на островот меѓу кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Аканџи, што завршија со несупех, откако претходно создадоа многу сериозни надежи за конечен договор.
Џонсон уште кажа дека ангажманот на Велика Британија за Кипар „останува цврст како карпа“.
Иако Велика Британија избра да ја напушти ЕУ на институционен план, „ние во ниту еден случај нема да ја оставиме Европа“, подвлече тој.
Кипар е поделен од 1974 година кога неговиот северен дел беше окупиран од Турција како одговор на националистичкиот државен преврат, што имаше за цел приклучување на островот кон Грција.