Фудбалската федерација на Македонија од 5 до 7 декември е организатор на футсал турнир на кој ќе настапат најдобрите репрезентации на Македонија, Португалија и Босна и Херцеговина.
Во Скопје како дел од репрезентацијата на Португалија ќе пристигне славниот Рикардињо, еден од најдобрите футсал играчи во светот.
Распоред на натпревари:
5 декември 18:00 часот: Македонија – Босна и Херцеговина
6 декември 17:00 часот: Португалија – Босна и Херцеговина
7 декември 17:00 часот: Македонија – Португалија.
Натпреварите ќе се одиграат во спортскиот центар „Борис Трајковски“ – ВИП арена. Блок влезница за сите три натпревари чини само 100 денари и веќе се пуштени во продажба преку продажната мрежа на мктицкетс.