Грчките власти побараа да биде прогласена вонредна состојба на островот Лезбос поради поплавите предизвикани од големото невреме.
Според властите, поради поројните дождови, кои го зафатија островот во последните денови, поплавени се голем број згради, улици и автомобили, а дојде и до излевање на реките.
Жители на островот пријавиле стотици случаи на поплавување на нивните домови.
Медиумите информираат дека невремето предизвикало големи проблеми и во повеќе други реони во Грција.