Тениската репрезентација на Аргентина го освои трофејот во Дејвис Купот по пресвртот направен на третиот ден од финалето против Хрватска.
Хуан Мартин Дел Потро и Федерико Делбонис успеаја негативата од 1:2 по првите два дена да ја претворат во конечна победа од 3:2 за прв историски трофеј на нивната земја.
Дел Потро иако губеше со 2-0 во сетови од Марин Чилиќ, на крајот славеше победа со 3-2 и го изедначи резултатот на 2-2, па финалето во Загреб синоќа го реши Делбонис по убедливите 3-0 против Иво Карловиќ.
Juan Martin del Potro, after his five-set comeback win over Marin Cilic in the #DavisCupFinal. Emotional stuff: pic.twitter.com/F63knfD5Rr
— Ed McGrogan (@EdMcGrogan) November 27, 2016
Хрватска пропушти убава шанса по втор пат да го освои трофејот од престижното натпреварување.