ФОТО: Hyundai Veloster кабриолет за секого

Од:

На салонот на автомобили во Лос Анѓелес Hyundai го откри кабриолетот направен на основата на Veloster Turbo и го крсти C3 Roll Top опишувајќи го воедно начинот на којшто се склопува кровот од ткаенина.

Кровот од ткаенина е поставен на шини вградени во носачите и при отворање лизга откривајќи ја внатрешноста. Исто решение применуваат и Fiat за својот 500С и Citroen за својот DS3 Cabrio.

Она што е иновативно е што кровот може да се помести кон напред за да го ослободи багажникот претворајќи го Veloster во пикап, или кон назад за да се ослободи просторот над седиштата како кај кабриолет.

На овој начин Hyundai го претвора Veloster во идеално рекреативно возила за млади активни луѓе. Погонската сила доаѓа од 1.6 литарскиот турбо T-GDI кој кон предните тркала испорачува 201 КС и 265 Nm.

Стајлингот е потполнет со двојни издувни цевки кои штрчат од средина на браникот, леснометални бандажи од 18 инчи во црна боја напред и зелена назад и соодветна апликација на кровот која го отркива името на моделот.

Би можело да ве интересира

„Хјундаи“: Сите наши возила се со ист квалитет

Емир Латифовиќ

„Киа“ ги објави првите фотографии на новиот „Соренто“

Емир Латифовиќ

Доаѓа освежениот Citoren C3

Емир Латифовиќ

GMC отвора 2.600 работни места во Бразил

Емир Латифовиќ

Нов концепт од Honda наречен Gear

Емир Латифовиќ

Top Gear се враќа

Емир Латифовиќ