Ѕвездата на Бостон селтикс, Ражон Рондо е казнет со два меча суспензија и 200 илјади долари за тепачката што ја предизвика на мечот против Бруклин.
Ова е трет пат во оваа календарска година како Рондо заработува суспензија, а Бостон нема да може да смета на неговите услуги на мечевите против Портланд вечерва, и против Милвоки в недела.
Гарнет е казнет со 25 илјади долари, додека Џералд Волис ќе треба да плати 35 илјади долари.