Аргентина изедначи на 1:1 во финалето на Дејвис купот

Од:

Тенисерите на Аргентина го изедначија резултатот на 1:1 во финалето од Дејвис купот, откако синоќа во вториот сингл меч Хуан Мартин Дел Потро го победи Иво Карловиќ со 3:1 во сетови (6:4; 6:7 (6:8); 6:3 и 7:5) за 3 часа и 18 минути.

Во првиот меч одигран во „Загребска Арена“, Марин Чилиќ беше поуспешен од Федерико Делбонис со 3:2 во сетови, со што на Хрватска и го донесе првиот поен.

Денеска од 15 часот е мечот во игра на двојки, а за Хрватска ќе играат Иван Додиг и Франко Скугор против Аргентинците Леонардо Маер и Гудио Пеља. Утре се играат уште два сингл меча.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен