Тениската репрезентација на Хрватска поведе со 1:0 во финалето од Дејвис купот против Аргентина. Финалето се игра во „Загребска Арена“, а првиот меч се одигра пред околу 14.000 гледачи (2.000 Аргентинци). Првиот поен за Хрватска го донесе Марин Чилиќ, кој во меч во пет сета го победи Федерико Делбонис со 3:2 во сетови за 3 часа и 30 минути.
Првите два сета го доби Чилиќ со 6:3 и 7:5 во гемови, а потоа Делбонис изедначи откако ги доби сетовите со 6:3 и 6:1. Во решавачкиот беше 6:2 за Чилиќ.
Во вториот сингл меч денеска играат Иво Карловиќ за Хрватска и Хуан Мартин Дел Потро за Аргентина. Утре се игра мечот во двојки, а во недела на програмата се два сингл меча.