Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Галина Воскобоева од Казахстан се пласираа во финалето во двојки на фјучрсот во Валенсија (награден фонд 25.000 долари).
Комбинацијата Ѓорческа – Воскобоева како први носителки денеска во полуфиналето во два сета (2-0) ги победија Аманда Карерас (Велика Британија) и Андреа Гамиз (Венецуела).
Првиот сет го добија со 6:2, а во вториот беше 6:3 во гемови. Мечот траеше 61 минута.
Утре во финалето Ѓорческа и Воскобоева ќе играат со подобрите од второто полуфинале во кое играат: Ирина Марија Бара (Романија) и Александра Корашвили (Украина) против Алисија Хереро Линана (Шпанија) и Ксенија Шарифова (Русија).