Средба на „Пријателите на Сирија“ во Токио

Од:

Во главниот град на Јапонија денеска се одржува средба на претставници од 63 држави, кои ја поддржуваат сириската опозиција.

На петтата средба на „Пријателите на Сирија“ учествуваат претставници на Арапската лига, на Советот за соработка во Заливот и ЕУ. Првпат на ваква средба учествуваат Бангладеш, Казахстан, Косово и Индонезија.

Со средбата претседаваат Јапонија и Мароко. Се очекува на овој состанок да бидат договорени нови санкции против сирискиот режим.

– Досега Советот за безбедност не успеа да ја преземе својата одговорност, па затоа од огромно значење е меѓународната заедница да дејствува единствено во наложување ефикасни санкции против режимот на Асад и за проширување на групата од држави, пријатели на Сирија, изјави на отворањето на средбата јапонскиот министер за надворешни работи Коичиро Гемба.

Денешната средба на техничко ниво на „Пријателите на Сирија“ е само подготовка за закажаната на 12 декември средба на високо ниво во Маракеш, Мароко.

Во заклучното соопштение од средбата во Токио се повикува за воведување целосно нафтено и оружено ембарго против сирискиот режим.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение