Аканџа: Има надеж за постигнување договор за кипарското прашање до крајот на годината

Од:

Лидерот на кипарските Турци, Мустафа Аканџа, изјави дека има надеж до крајот на оваа година да се постигне спогодба за кипарското прашање, и покрај тоа што лидерите на двете кипарски заедници не успеаја да го договорат прашањето колку територија да контролираат во рамки на евентуалната идна федерација, пренесоа американските медиуми.

Аканџа синоќа ги обвини преговарачите од меѓународно признатата Република Кипар за нечесни претензии кон територијата на кипарските Турци.

Тој посочи дека ги почитува правата на кипарските Грци, но за Швајцарија не заминал за да ги предаде правата на кипарските Турци.

Дводневните интензивни преговори во швајцарското одморалиште Мон Пелрен завршија без резултат. Засега не е утврден нов датум за продолжување на преговорите.

Кипар е поделен од 1974 година, кога неговиот северен дел беше окупиран од Турција како одговор на националистичкиот државен преврат, што имаше за цел островот да го приклучи кон Грција.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ